• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

По вторпат за четири месеци ограбена црквата на православните гробишта во Тетово

По вторпат за четири месеци ограбена црквата на православните гробишта во Тетово

Тетово 3 септември 2018 (МИА) - Околу 1400 денари биле одземени, а била нанесена и материјална штета по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во црквата „Свети Димитрија“ на улица „Прохор Пчински“ во православните гробишта во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Масрјан Јосифовски. Според неговите податоци, кражбата била извршена ноќта помеѓу сабота и недела изминатиот викенд.

- Непознатите сторители  откако ги скршиле двата катинари од дрвената влезна врата насилно отвориле и две дрвени каси во внатрешноста  од кои одзеле 200 и 800 денари како и уште 400 денари што  биле оставени на друго место во црквата. Со тоа тие противправно се стекнале со вкупна имотна корист од 1400 денари рече Јосифовски.

Полицијата извршила увид и презема мерки и активности за откривање на сторителите.

Ова е втора кражба во истата црква на тетовските православни гробишта за нешто помалку од четири месеци откако во мај годинава исто така непознати сторители оделе околу 2000 денари од нејзината внатрешност.ас/са/15:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...