МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - На 02.09.2018 година во 09.50 часот во Полициската станица Центар, З.М.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден во 04.30 часот во Градскиот парк физички бил нападнат од непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

На 02.09.2018 година во 06.00 часот во казино на бул.„Кузман Јосифовски Питу, З.С.(25) од Скопје бил физички нападнат од непознато машко лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

На 01.09.2018 година околу 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.А.(32) од Скопје пријави дека истиот ден околу 15,30 часот пред слаткарница на булеварот „Партизански Одреди“ бил физички нападнат од едно женско и две непознати машки лица. Потоа, Д.А. се јавил на неговиот татко и брат. Кога пристигнале тие настанала расправија и тепачка помеѓу двете групи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

На 02.09.2018 година во 22.45 часот во Полициската станица Драчево, Л.Џ.(52) од село Долно Количани пријавил дека на 29.08.2018 година околу 11.00 часот од домот во непознат правец се одалечила неговата 16-годишна ќерка.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Б.Д. (26) од Гостивар, Ш.Ѓ. (23) од Прилеп и Б.И. (28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. Имено на 20.06.2018 година околу 22,20 часот додека Ф.И. (50) од Скопје бил на автобуската станица во Гостивар дошле пријавените и му понудиле превоз до Скопје. Кога дошле до наплатна станица Гостивар, кај вториот надвозник Ш.Ѓ. кој го управувал возилото се исклучил од автопатот и запрел, по што лицата физички го нападнале Ф.И. удирајќи го со тупаници и клоци, а потоа од палтото му одзеле паричник во кој имало 9.000 денари и лични документи. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе  кривична пријава против М.К.(37) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2015 година пријавениот, како директор на Основно училиште во Вевчани склучил договор со адвокатската канцеларија од Охрид за вршење адвокатски услуги во износ од 30.000 денари, кои од истите ги користел и во текот на 2016 година, без да склучи нов договор. Во текот на 2015 и 2016 година адвокатска канцеларија за извршените услуги, до Основното училиште доставила две фактури во вкупен износ од  141.644 денари, кои книговодствено биле прокнижени во текот на 2016 и 2017 година, но истите не биле исплатени, за што адвокатската канцеларија има поведено нотарска постапка. 

На 02.09.2018 година Б.С. во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син Б.С. додека бил во парк „Бановина" лоциран на ул. Тодор Чангов имал проблеми со малолетник З.С., по што настанала вербална расправија, а потоа и меѓусебна тепачка. З.С. телефонски го повикал неговиот брат Д.С. (27), кој е вработен во МВР. Д.С. го качил Б.С. на фонтаната, која била во близина, а на лице место пристигнал и З.С. (51), татко на Д.С и З.С. и го удрил малолетникот во пределот на стомакот, кој потоа паднал во фонтаната. Тогаш таткото З.С. го фатил за вратот Б.С. и почнал да го гуши, но бил оттргнат од страна на Д.С. Настанот е пријавен во полиција преку 192. Кога пристигнале полициските службеници, на лице место не ги затекнале Д.С. и неговиот татко. Преземени се содветни мерки и активности, известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Против Д.С. е започната соодветна постапка и му е одземено службеното оружје. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци. 

СВР Штип во текот на вчерашниот ден (02.09.) во периодот од 14.00 до 20.00 часот спроведе  засилена акциска контрола на возачи кои чинат прекршоци додека управуваат велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Од извршената контрола санкционирани се вкупно 53 возачи од кои 3 се исклучени од сообраќај, на 33 издадени им се прекршочни платни налози, 7 писмено се опоменати и 10 се повикани на сообраќајна поука.  

Вчера од 14 до 20 часот, на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола со која биле опфатени мопеди и велосипеди со помошен мотор, а во која вкупно се откриени 17 прекршоци. Констатираните прекршоци заокружени, односно санкционирани се со 17 прекршочни платни налози, 8 мотоциклисти исклучени се од сообраќај, додека 4 се повикани  на сообраќајна поука. миа/миа/16:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ