• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Српски камионџија повреден во сообраќајка на патот Градскко-Прилеп

Српски камионџија повреден во сообраќајка на патот Градскко-Прилеп

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Српски државјанин, кој возел влекач „Сканија“ со полуприколка, вчера попладне излетал од патот Градско-Прилеп и паднал во провалија.

МВР денеска соопшти дека несреќата се случила во 16 часот, а 41-годишниот возач С.П. се здобил со тешки телесни повреди и со возила на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Прилеп каде е задржан на лекување. 

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. бак/сд/10:37

###

фото: МИА архива

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ