Возач на мопед тешко повреден откако изгубил контрола и паднал на коловозот

Возач на мопед тешко повреден откако изгубил контрола и паднал на коловозот

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Дваесет и четиригодишен возач на мопед „пјаџо тајфун“ се здобил со тешки телесни повреди откако синоќа изгубил контрола на булеварот „Авној“ во Скопје и паднал на коловозот. 

Несреќата се случила во 20:30 часот, а повредениот К.А. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. бак/са/10:37

###

фото: МИА архива

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ