• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Компјутери и монитори изгореа во пожар во интернет кафе во селото Љубош

Компјутери и монитори изгореа во пожар во интернет кафе во селото Љубош

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Десет компјутери, монитори и инвентар изгореа во пожар што рано утрината избувна во куќа во скопското село Љубош.

Пожарот, како што информира полицијата, избувнал во долниот кат од куќата кој бил даден под наем за да биде интернет кафе. 

Куќата е сопственост на 84-годипниот Ф.Б, а долниот кат му бил даден под наем на 30-годишниот Ј.К. 

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден. бак/сд/10:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ