• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Возило со полски таблички целосно изгоре на автопатот Табановце-Куманово

Возило со полски таблички целосно изгоре на автопатот Табановце-Куманово

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Возило со полски таблички целосно изгоре во пожар на автопатот Табановце - Куманово.

Според полицискиот билтен, пожарот избувнал вчера околу 18 часот додека возилото „шкода фаворит“ управувано од В.П.С. се движело по автопатот. Пожарот настанал во предниот дел од возилото по што возачот застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне пожарот, но тој се проширил и возилото целосно изгорело.   

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. бак/са/10:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ