• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Кривична пријава за скопјанец за криумчарење на мигранти

Кривична пријава за скопјанец за криумчарење на мигранти

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Од судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Како што информира денеска МВР, на 1 септември во 17:30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти.

Возилото со голема брзина се упатило кон Скопје, а полицајците тргнале по него. По клучката Миравци возилото запрело, мигрантите излегле од него, а возилото продолжило понатаму. 

По кратко време возилото било сопрено, а него о управувал Р.Ф.(41) од село Сингелиќ, Скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан. мд/са/13:09

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...