• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(49) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 01.09.2018 година во 07.55 часот во Полициската станица Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница. После тоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Х.С.(22) од Скопје поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.08.2018 година во казино во Кочани, по вербална расправија, од страна на вработените пријавениот бил отстранет од објектот. При интервенција на полициски службеници, пријавениот ги омаловажувал полициските службеници, по што бил приведен во Полициската станица Кочани, каде физички ги нападнал полициските службеници.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(43) од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”. На 16.11.2017 година во ресторан во Охрид, пријавениот со писмена изјава од С.Ј.(52) од Охрид, кој привремено престојува во Република Германија, примил 20.000 евра за проект за изградба на куќа, како и за хотелско сместување. Во наредниот период, С.Ј. не можел да воспостави контак со пријавениот, по што на 03.08.2018 година се вратил во Охрид и го пријавил настанот.

На 04.09.2018 година околу 03.30 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода Н.И.(34) од гостиварското село Дебреше, кој претходно со употреба на сила влегол во угостителски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар. Н.И. влегол во објектот и од фиока во работната маса одзел пари, а кога ги забележал полициските службеници почнал да бега, но набргу бил фатен. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

На 03.09.2018 година околу 22.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Ф.Ј.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.10 часот на ул.„Бутелски венец“ се сретнал со лицето Е.И. и започнале вербална расправија во врска со префрлање на сопственост на патничко возило ,Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки. После тоа, Е.И. му упатил и закани на Ф.Ј.. Во 22.25 часот непознато лице од возило во движење испукал неколку куршуми во воздух, по што заминало во непознат правец. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 03.09.2018 година околу 19.45 часот на ул.„Богдан Каракостев“ во Велес полициски службени, при вршење редовна позорна служба, го предупредиле лицето М.Т.(23) од Велес за сторен сообраќаен прекршок. После тоа, М.Т. излегол од возилото и почнал да го омаловажува полицискиот службеник, а во еден момент и го турнал. М.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

На 04.09.2018 година во 22.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.С. (38) од Скопје пријавил дека во периодот од 30.08 до 03.09.2018 година на црквата „Света Петка“, на задниот дел од параклистот, непознато лице испишало графит со недолична содржина од предната страна на вратата. Извршен е увид на местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 23.08.2018 година во 23.00 часот во Полициската станицаСтруга, штитеничка (14год) во Јавна установа за згрижување надеца и млади со социјални проблеми и нарушено поведение „25-ти мај“ од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 16.00 часот непознато лице извршило „други половидејствија“. Според пријавата, настанот се случил во близина на с. Калишта, Струга. Врз основа на гинеколошокитенаоди, не се најдени траги од насилен сексуален однос. По преземените мерки и активности, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 03.09.2018 година во 06:20 часот на улица "Гоце Делчев" во Куманово, пронајдено е изчезнатото лице А.А.(20) од Скопје која на 21 август е пријавена за исчезната во Полициска станица Ѓорче Петров.

На 03.09.2018 година во 12.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавил дека истиот ден во 11.15 часот на ул„Даме Груев“ непознато лице извршило тешка кражба над негоо. Додека ги броел парите од пензијата, кои претходно ги извадил од банка, му се доближило лицето и се претставило дека е вработен во банката. Лицето побарало да му ги даде парите затоа што, наводно, благајничката погрешно му дала пари од трезорот и во тој момент од раката насилно му одзело 24.000 денари и побегнало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 03.09.2018 година околу 17.20 часот на ул.„Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, во куќата на Б.П.(34) непознато лице извршило разбојничка кражба. Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол внатре и одзел две ќеси со ќебиња. Притоа, сторителот бил забележан од шестгодишната ќерка на Б.П., која кажала на нејзината баба Б.И. (60) и на 12-годишниот брат. На ул.„Александар Македонски“ тие го стигнале лицето, кое физички го нападнало 12-годишникот и избегало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот./14:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ