Кривична пријава за скопјанец кој се обидел да ја убие сопругата

Кривична пријава за скопјанец кој се обидел да ја убие сопругата

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против 54-годишен скопјанец кој на 2 септември по вербална расправија се обидел со нож да ја убие својата сопруга.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Б.А. се сомничи за кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство“.

Тој на 2 септември околу 20 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата сопруга П.В.(52), со нож и нанел убодна рана во пределот на стомакот. Бидејќи повредената многу крварела, околу 02:30 часот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле П.В. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде била задржана за понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле разговор со повредената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. бак/сд/10:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...