Бугарски државјанки украле паричник од жена на Бит пазар

Бугарски државјанки украле паричник од жена на Бит пазар

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против две бугарски државјанки кои украле паричник со околу 18.000 денари од жена на Бит пазар.

Против лицата Р.Г.И.(50) и Н.Н.Н.(24), двете од Бугарија, СВР Скопје до надлежното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 18.000 денари. 

Како што соопшти МВР, пријавените го извршиле делото на 1-ви овој месец околу 13.30 часот на ул.„192“ во пазарот Бит Пазар. Тие ја искористиле турканицата и невниманието на оштетената. Н.Н.Н. се туркала во неа за да и го одвлече вниманието, а Р.Г.И. го отворила патентот од чантата и одзела женски паричник во кој имало 240 Евра, 2.400 денари и лични документи.

Лице кое било присутно во пазарот, го забележало настанот и пријавило во полициска станица. После тоа, по преземени мерки, на 3 септември околу 13.00 часот пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Бит Пазар. нд/сд/10:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...