• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Тешко повреден мотоциклист од Англија

Тешко повреден мотоциклист од Англија

Гостивар, 5 септември 2018 (МИА) -  Дваесет и шестгодишен Англичанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во несреќата повредени се и уште две лица.

Според МВР, во незгодата учествувале мотоцикл „Хонда“ со британски национални ознаки, управуван од J.J.(26) од Англија и патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од с.Требиште-Маврово.

Во сударот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил згрижен во дебарската болница, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

 Возачот на голфот Е.В. и сопатникот во возилото А.В., се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. згм/сд/10:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...