Работник загинал сечејќи дрво со моторна пила

Работник загинал сечејќи дрво со моторна пила

Гостивар, 5 септември 2018 (МИА) - Албански државјанин починал од повреди откако на глава му паднала гранка додека сечел дрво со моторна пила.

Според СВР Тетово, албанскиот државјанин К.Ц.( 53 ) вчера претпладне во шумско подрачје во атарот на селото Лазарополе, во месноста „Јама“, сечел буково стебло со моторна пила. Во еден момент  врз главата му паднала една гранка и загубил свест.

Повредениот работник со возило на Националниот парк „Маврово“ префрлен е во дебарската болница, а отаму во охридската болница „Свети Еразмо“ каде што утрово им подлегнал на здобиените повреди.

Албанскиот државјанин бил ангажиран преку струшка фирма, која имала тендер за сечење и транспорт на огревно дрво во регионот на Лазарополе.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до несреќата.згм/са/11:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ