Шекеринска: Посетите на Столтенберг, Меркел и Курц доказ дека имаме силна поддршка

Шекеринска: Посетите на Столтенберг, Меркел и Курц доказ дека имаме силна поддршка

Скопје, 5 август 2018 (МИА) - Посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се случува на помалку од осум месеци после претходниот негов престој во Скопје. Ако во јануари со својата посета покажа дека Македонија има шанси да ја добие НАТО поканата, ако ја сработиме, оваа посета е пример и доказ дека нашата земја може да стане члена на Алијансата. Одлуката е во наши раце, а на 30 септември граѓаните на Македонија имаат шанса со својот глас да обезбедат да станеме 30 членка на НАТО.

Ова денеска го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на припадниците на Воздухопловната бригада на АРМ, по повод зголемувањето на бројот на оперативни хеликоптери во Армијата на Република Македонија.

- Светот ја поддржува Македонија и тоа овие денови станува многу јасно и видливо. Во една година првпат ни се случува генерален секртетар на НАТО да ја посети нашата земја која се уште не е членка на Алијансата. Во само два дена ќе ги имаме канцеларите на Австрија и Германија во посета на Македонија. Тоа покажува дека светот навистина го цени тоа што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели членство во ЕУ и НАТО, истакна Шекеринска.

Шекеринска во Петровец

Според неа, светот дава поддршка само доколку се знае што се сака, а тоа, како што рече, Македонија во изминатава година покажа дека не ја бараме нивната поддршка само со зборови ниту без резултати.

- Денеска сме тука затоа што веќе четири хеликоптери се вратија од ремонт, два транспортни и два борбени и тие дополнително ја зголемуваат борбената готовност и оперативноста на нашата армија. Ова покажува дека во изминатиов период не седевме и чекавме НАТО покана, туку рабортевме за таа покана да финишира со членство во Алијансата, нагласи Шекеринска

Министерката потсети дека оваа недела беше распишан и конкурсот за осум воени пилоти и ги повика сите млади кои, како што рече, ги привлекува ваква престижна и дефицитарна кариера да се пријават на конкурсот.

Пилотот Виктор Бојкоски кој со завршен медицински факултет, конкурирал, завршил обука и рабти како воен пилот, вели дека предизвикот да пилотира бил голем но како професија е одговорна која брага голем влог. Појаснува дека одлуката од лекар кариерата да ја продолжи во авијацијата ја донел поради добрите услови кои биле понудени во конкурсот и понатамошното унапредување но и поради лична желба.

Пред хангарот на Воздухопловната бригада во касарната во Петровец министерката Шекеринска изврши увид на ремонтираните транспортни хеликоптери од типот Ми-8 и два неодамна ремонтирани борбени хеликоптери од типот Ми-24. бк/са/12:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ