Промоција на истражување и монографија „Полицијата и јавноста“

Промоција на истражување и монографија „Полицијата и јавноста“

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Монографијата „Полицијата и јавноста - анализа на истражувачки резултати 2008-2017 година“ од авторите Цане Мојановски, Никола Дујовски и Марјан Ѓуровски, беше промовирана денеска во рамки на Месецот на науката за безбедност на Факултетот за безбдност - Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на промоцијата истакна дека авторите стручно, методолошки сеопфатно и од аспект на МВР прецизно, проценуваат одредени перцепции за положбата на полицијата во заедницата, за состојбата со криминализираноста на заедницата и полицијата, со социопатолошки и други негативни појави.

- Овој научен труд низ призмата на општествената интеракција меѓу полицијата и јавноста, дава свои видувања, провоцира натамошни размислувања за подобрување на перцепцијата на полицијата и нејзината така да кажам контролна улога, но истовремено и упатува на нужноста од натамошна квалитетна соработка меѓу стручната-научна фела и праксата, односно полициското работење, а се во насока на подобрување на севкупната позиција и функционирање на полициската служба, рече Спасовски.

Професорот Трпе Стојановски, рецензент на трудот, рече дека тој опфаќа десет значајни поглавја - нивото на криминализираност низ перцепциите на граѓаните, полицијата како фактор на јавното мислење, очекувањата на граѓаните од улогата на полицијата, односите меѓу заедницата и полицијата, полицаецот како двигател на односите во заедницата, интеракциите меѓу заедницата и полицијата, контрола и управување со полицијата....

Деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, рече дека во еднодецениското истражување 10.000 граѓани го дале својот став за полицијата, и оти може да се заклучи дека полицијата е под будното око на јавноста и дека граѓаните се многу заинтересирани за секоја полициска постапка.

Професорот Цане Мојановски се осврна на најновото истражување спроведено годинава за односот на граѓаните кон полицијата, што според него, покажува дека се уште промените кои ги очекуваме во перцепциите на граѓаните кај полицијата не се така драстични во однос на претходниот период. Само 54 проценти од граѓаните, вели Мојановски, кажале дека ќе се обратат на полицијата.

Продеканот на Факултетот за безбедност Марјан Ѓуровски, пак, рече дека во последно време се повеќе се враќа довербата на македонскиот граѓанин кон полицаецот на улица, особено преку проектот за враќањето на полицаецот во вашето маало.

Авторите се согласни дека перцепциите на граѓаните за работата на полицијата не можат да одговорат на сите прашања поврзани со неа во заедницата, но се показател колку и како тие ја доживуваат полицијата во заедницата. нд/сд/15:12

###

 

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...