• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Осумнаесет мигранти пронајдени во Неготинско

Осумнаесет мигранти пронајдени во Неготинско

Неготино, 6 септември 2018 (МИА) - Осумнаесет мигранти биле пронајдени синоќа во Неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

- Околу 21:00 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки. Во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, заедно со мигрантите, за понатамошна постапка, појаснува Додевски.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. свд/вј/10:36

фото: МИА архива

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ