• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Вчера во 05.30 часот на крстосница од  бул.„Илинден“  со ул.„Никола Тесла“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (23) од Скопје, удрило во семафор и бетонска жардиниера. Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Н. (22) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила Н.З.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде има била укажана лекарска помош.

Синоќа, околу 21.00 часот  на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано Црвени Брегови, било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н. (19) и совозачот Л.С. (18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесени соодветни поднесоци.

Вчера околу 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Ф.А.(33) од Гостивар, осуден на двегодишна затворска казна за сторено кривично дело „кражба“, а кој претходно избегал од Казнено-поправната установа „Идризово“-Скопје и по кого била распишана потерница. По приведувањето, Ф.А. бил спроведен  во  КПУ „Идризово“ на доиздржување на затворската казна.

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.К.(47) од Скопје пријавила дека на 4 септември 2018 година во 10.00 часот, од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син Ф.К.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.скс/10:50

###

 

                                                                                                                                             

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ