МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 септември (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.Х.Х.(24) од Република Турција, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „фалсификување исправа”. 

Во периодот од 21.07.2017 до 03.08.2018 година, соопшти денеска МВР, пријавениот, откако набавил оригинална потврда за прием на студент за упис на меѓународен универзитет од Гостивар, изготвил четири лажни пријави за прием на студенти за четири државјани на Република Турција. После тоа, лицата му дале 76.775 денари за уплата за упис, за што пријавениот им приложил фиктивна уплатница за наведениот износ.

На 05.09.2018 година во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(34) од Скопје пријавила дека пред околу два месеци од нивниот дом се оддалечила нејзината 14 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во спортска обложувалница ул.„Маџари“ во Скопје, на 05.09.2018 година околу 13.00 часот непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработената одзел  околу 310.000 денари од дневниот пазар. МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Ѓорче Петров С.Т.(79) од Скопје пријавил дека во текот на јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда оштетениот дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија. Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(21) од село Велгошти, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 16.08.2018 година на ул.„Марко Цепенков” Охрид, поради нерасчистени имотно-правни односи, пријавениот  со дрвена палка го оштетил патничко возило сопственост на К.Ѓ.(63) од Охрид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава  против П.Н.(47) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 13.03.2017 година пријавениот, како директор  на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Демир Хисар, спротивно на Изборниот законик, објавил јавен оглас за прием на еден извршител  на работно место „работник за собирање отпад“, по што на 29.03.2017 извршил избор за прием и изготвил решение за распоредување на вработеното лице.

На 05.09.2018 година во 22.45 часот М.И.(25) пријавила дека истиот ден во периодот од 17.00 до 22.00 часот на улица „376" во Скопје било одземено нејзиното  моторно возило „Форд Транзит" со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот и возилото, стои во соопштението од МВР. цр/13:01

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...