Спасовски: Приоритет на МВР е подобрување на условите за работа во полициските станици

Спасовски: Приоритет на МВР е подобрување на условите за работа во полициските станици

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Приоритет на Министерството за внатрешни работи е подобрувањето на условите за работа во полициските станици, на што веќе една година се работи, но и набавка на потребната опрема за полициските службеници, порача денеска министрот Оливер Спасовски при посетата Полициското одделение во Арачиново и локалната самоуправа, каде оствари средба со градоначалничката на Арачиново Миликије Халими.

Како што соопштија од МВР, раководството на полициското одделение информирало дека безбедносната состојба е стабилна, а на средбата се разговарало и за мерките со кои ќе се подобрат условите за работа во ова полициско одделение. 

Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалничката Халими, на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир. бк/аа/18:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ