Двајца пешаци со тешки повреди во две од 10 сообраќајки во Скопје

Двајца пешаци со тешки повреди во две од 10 сообраќајки во Скопје

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) – Двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден. Во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на пешачки премин, како и еден возач за некористење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник, како и три нерегистрирани возила. Затекнати биле 36 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 34 возила.гв/цр/08:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...