МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - На регионалниот пат село Ново Село-село Мокрино, струмичко, вчера околу 18.30  патничко возило „Тојота Корола“ со струмички регистарски ознаки, управувано од  Е.Д.(69) од село Мокрино, излетало од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во болницата во Струмица каде починал. 

МВЕ денеска соопшти дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

На 06.09.2018 година во 10.30 часот на ул.„Партизански одреди“  во Кичево, С.С. (77) од Кичево, управувајќи велосипед, удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на О.Р. (44) од Кичево, а кое на покривот имало метални цевки. Во моментот кога велосипедистот поминувал покрај возилото, со главата удрил во цевките и паднал. Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево бил препратен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.                

На 06.09.2018 годинa во 16.00 часот на булевар „Никола Карев" во Скопје, Д.Н.(52) од село Мралино, скопско, управувајќи автобус „Лаз", удрил во 11 годишно дете од Скопје. По незгодата, со возило на брза помош детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза",  каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На патничка во автобусот, Ж.Ј.(48) од Скопје и била укажана лекарска помош во Градска општа болница "8-ми Септември" каде и биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На булевар „Јане Сандански" во Скопје, вчера во 06.30 часот В.Р.(40) од Скопје, управувајќи патничко возило „Опел Астра" со скопски регистарски ознаки удрило во пешак  А.С.(75) од Скопје.  На А.С. и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски", каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На 06.09.2018 година околу 07.30 часот, во објектот каде што е сместено Министерството за образование и наука на бул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во канцеларија на 11-ти кат избувнал пожар. Во пожарот бил опожарен клима уред. Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

На 06.09.2018 година во 05.40 часот на Граничниот премин Аеродром „Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека француската виза „D“ на лицето Г.Е.(19) од Косово е фалсификувана. Г.Е. бил предаден на инспектори од регионалниот центар за гранични работи за понатамошна постапка.

На 06.09.2018 година во 11.40 часот на Граничниот премин Аеродром „Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека германска дозвола за престој со важност од 20.07.2018 година до 30.06.2020 година, која ја поседува лицето Х.Ф.(26) од Швајцарија, со косовска патна исправа, била фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено во полициска станица за понатомошна постапка. цр/10:12

###

 

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...