МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Едно лице е потешко, а четворица се полесно повредени во сообраќајната незгода што се случи на локалниот пат Прилеп-село Прилепец кога возило „опел фронтера“ излетало од патот. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека незгодата се случила вчера во 18 часот и оти потешко е повреден сопатникот С.В. (52), додека возачот Г.С. (60) и уште тројца соптаници се здобиле со телесни повреди. 

Потешко повреденото лице е пренесено во Градската болница во Прилеп од каде по укажаната прва помош, е препратен во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. 

Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера во 12:50 часот на патот Кичево - Охрид кај селото Подвис, П.Б.(67) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „пежо партнер" изгубил контрола над возилото и излетал во нива.

Укажана му е лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза " во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Во полициското одделение Македонска Каменица вчера во 14:35 е пријавено дека на магистралниот пат Кочани - Македонска Каменица, пред влезот на Македонска Каменица се запалило товарно моторно возило „волво" со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(55) од Р. Бугарија.

Од страна на возачот е пријавено дека додека го управувал возилото му пукнала предна гума и кога се паркирал покрај патот возилото се запалило кај моторот, под кабината. Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа Македонска Каменица. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера околу 13:45 на патниот правец Велес - Скопје пред тунелот Катланово товарно моторно возило „ивеко", во кое имало мигранти излетало од патот.

Возачот избегал, а на 18 лица (мигранти) им е укажана лекарска помош во комплексот клинки „Мајка Тереза " во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На булеварот „Никола Карев" во Скопје вчера во 14:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „кимко" со национална ознака на Шведска, управуван од С.Л.(37) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(51) од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил С.Л. кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември" каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клинки „Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера во 2:.20 часот, У.М. пријавил дека го пронашол починат неговиот чичко Ј.Ј. (72) од село Шишево, чие тело било во фаза на распаѓање.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Вчера во 16:30 часот, Т.Т.(42) од село Петровец, скопско, пријавила дека претходниот ден во 18,45 часот во маркет на улица „1“ во село Петровец забележала непознато женско лице како од касата одзело 14.000 денари.

Откако ја предупредила да ги врати парите, истата ја турнала со раце, вратила 4.000 денари и со возило кое ја чекало пред маркетот го напуштила местото на настанот одземајќи ги останатите 10.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14:30 часот било пријавено дека од правец на улица „Лондонска“ со булевар „Партизански одреди“ се слушало пукање од огнено оружје.

По излегување на местото на настанот е констатирано дека се работи за семејна веселба-свадба, а Д.А.(29) од гасен пиштол испукал три куршуми. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 19 часот вчера во полициската станица Штип, П.Д.(38) од Штип, пријавил дека на 6 септември околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо Ѓ.Д.(83).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 11:20 часот во полициската станица Кисела Вода, С.С. од Скопје пријавила дека на 2 септември во 18 часот од својот дом во непознат правец се одалечил нејзиниот син Х.С.(22).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во полициската станица Гази Баба вчера од страна на вработена во ЈЗУ "Ранка Милановиќ" е пријавено дека на 6 септември во 11 часот од домот во непознат правец се оддалечил 12 годишен штитеник на домот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бак/12:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ