• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Еден потешко и четворица полесно повредени во сообраќајка на патот Прилеп-село Прилепец

Еден потешко и четворица полесно повредени во сообраќајка на патот Прилеп-село Прилепец

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Едно лице е потешко, а четворица се полесно повредени во сообраќајната незгода што се случи на локалниот пат Прилеп-село Прилепец кога возило „опел фронтера“ излетало од патот. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека незгодата се случила вчера во 18 часот и оти потешко е повреден сопатникот С.В. (52), додека возачот Г.С. (60) и уште тројца соптаници се здобиле со телесни повреди. 

Потешко повреденото лице е пренесено во Градската болница во Прилеп од каде по укажаната прва помош, е препратен во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. 

Извршен е увид на местото на настанот. бак/сд/12:10

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ