• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - На 07.09.2018 година во 20:10 часот во Полициска станица Кавадарци пријавено е дека на улица „Шишка“ во Кавадарци во движење се запалило патничко моторно возило „Форд ескорт“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од И.А.(40) од Струмица. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа од Кавадарци.

На 07.09.2018 година во 12.15 часот во Скопје на улица „Крсте Мисирков“ од страна на полициски службеници биле забележани пет лица-мигранти на возраст од 22 до 39 години, еден од Пакистан и четворица од Индија. Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На 07.09.2018 година во 10 часот е пријавено дека на паркинг во кругот на касарната „Ѓорче Петров“ оштетено е патничко моторно возило „Фолксваген Поло“, најверојатно од залутано зрно. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2018 година во 22:45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.Н.(39) и М.Х.А.(45) двајцата од Скопје пријавиле дека истиот ден околу 21:50 часот на улица „Исаија Мажовски“ од страна на неколку малолетни лица биле физички нападнати нивните синови на возраст од 12 и 15 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2018 година околу 1:30 часот во Полициска станица Прилеп, пријавено било дека на магистралниот пат Македонски Брод-Прилеп на место викано „Тополка“, атар на Варош, во објект кој се користи како ноќен клуб настанал пожар. Од страна на Противпожарна единица Прилеп пожарот е изгаснат, а од извршениот увид е констатирано дека непознат сторител со запалива материја предизвикал пожар во дворното место и внатре во локалот, при што е опожарен дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2018 година во 18:55 часот во ходникот во Полициска станица Драчево од страна на приправник за полицаец, кој се упатил кон магацинот да го остави оружјето, биле испукани неколку куршуми на ѕидот, при што нема повредени лица. За настанот известен е ОЈО Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/13:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ