Тешки кражби во две џамии во Тетово

Тешки кражби во две џамии во Тетово

Тетово 9 септември 2018 (МИА) – Тешки кражби во две џамии во Тетово биле извршени од засега непознати сторители ноќта меѓу петок и сабота, информираше портпаролот на СВР тетово Марјан Јосифовски. 

Според неговите податоци во џамијата Гам – Гам што се наоѓа на улицата „Борче Кочовски“, зад зградата на Основниот суд во градот, сторителите насилно ја отвориле дрвената кутија поставена на оградниот ѕид и од неа одзеле околу 300 денари. Тие насилно ја отвориле и помошната дрвена врата од џамијата од западната страна и влегле во неа по што се обиделе насилно да ја отворат и просторијата на благајникот, не успеале, но ги отвориле просторијата на Советот на џамијата од каде ништо не зеле додека од просторијата за настава одзеле една торба.

Во истиот период непознати сторители од две метални и една дрвена каса поставени на оградниот ѕид од Шарената џамија во Тетово одзеле околу 1000 денари во разни апоени претежно метални монети.

И на двете места од тешките кражби полицијата извршила увид и работи на идентификување на сторителите и расчистување на случаите. ас/рп/10:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...