МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - На 08.09.2018 година во 17,10 часот пријавено е дека на магистралниот пат Прилеп - Градско, во близина на село Плетвар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(45) од Крушево, и моторцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(20) од село Слатино, кој починал на местото на настанот. Н.К. и совозачот М.К. со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Градска болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

На 08.09.2018 година во 19,35 часот на магистралниот пат Штип - Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со винички регистарски ознаки управувано од М.В.(54) од Виница и патничко моторно возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки управувано од Т.Б.(38) од Струмица. По незгодата В.В.(51) сопатничка во возилото „Мерцедес“ била пренесена во Клиничка болница Штип, каде починала. На М.В. му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 08.09.2018 година во 12,05 часот на улица „100“ во село Волково, скопско Д.Б.(43) од село Волково, скопско, управувајќи автобус удрил во бетонски столб од надвозник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците Б.Д.(81), М.Т.(84) и З.П.(78), сите од Скопје. Лицата се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" и Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување. Во незгодата исто така седум патници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 09.09.2018 година во 02.25 часот на улица „Даме Груев“ во Скопје Љ.К.(34) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во ограда. Сопатничката М.П.(31) од Скопје е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 09.09.2018 година околу 01,30 часот додека полициски службеници извршувале службени дејствија на крстосница од улица „Стево Патако“ и „Стив Наумов“ во Битола, при контрола на патничко моторно возило „Даеву Матиз“ управувано од А.Г.(39) од Битола, истиот започнал да ги навредува и агресивно да се однесува. Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.09.2018 година во 00.54 часот во Скопје, пријавено е дека во пекарата на улица „Груица Војвода“ Б.И.(21) од Скопје, со количка во која имало леб, влегол во лифтот и од непознати причини во еден момент количката се превртела и го потиснала Б.И., при што истиот се задобил со тешки телесни повреди. Лицето е пренесено во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2018 година во 11,00 часот на Граничен премин "Св. Наум", на излез од Република Македонија, како сопатник во патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки се пријавил А.Ж.(30) од Скопје. Од извршена проверка во евиденција утврдено е дека истиот евидира со мерка „Лиши од слобода“. А.Ж. е предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка.

На 08.09.2018 година во 22,35 часот на Граничен премин „Табановце“, на излез од Р. Македонија, поради основано сомнение за извршено кривично дело „Фалсификување на исправа“ приведен е Д.М.(24) од Р.Албанија. Лицето е предадено во СВР Куманово, за понатамошна постапка.

На 08.09.2018 година околу 15,00 часот во маркет на улица "Илинденска" во Тетово непознато машко лице платил со фалсификувана банкнота од 50 евра, по што го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

На 08.09.2018 година во 13.50 часот на паркинг пред булевар "Јане Сандански" во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(22) и М.Н.(29) двајцата од Скопје поради недоразбирање околу разминување со нивните возила. Излезено е на местото на настанот, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07/08.09.2018 година во ,,Шарена џамија“ во Тетово, непознат сторител насилно отворил неколку каси за доброволен прилог поставени на оградата од каде одзел околу 1.000 денари. При обид да влезе во џамијата, бил забележан и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 08.09.2018 година околу 13.30 часот на земјен пат од село Џепчиште, тетовско кон место викано „Џинов камен“ атар на село Џепчиште, од страна на полициски службеници биле сопрени два трактора натоварени со огревно дрвом а управувани од Х.С. и Б.И.(47) двајцата од село Џепчиште. Откако истите биле сопрени, Х.С. искористувајќи погоден момент со задното тркало од тракторот удрил двајца полициски службеници, по што се дал во бегство. Во Полициска станица се приведени Б.И. и А.Ш.(54) од село Јажинце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Х.С. и целосно расчистување на случајот. ац/11:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ