• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Скопјанка тешко повредена откако автомобил удрил во ограда на ул.„Даме Груев“

Скопјанка тешко повредена откако автомобил удрил во ограда на ул.„Даме Груев“

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Триесет и едногодишната М.П. е тешко повредена два часа по полноќ откако скопјанецот Љ.К.(34) кој го управувал возилото „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки во кое се наоѓала, изгубил контрола и удрил во ограда на улица „Даме Груев“ во Скопје

Повредената жителка на Скопје е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот. рп/11:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ