• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) -  На 08.09.2018 година во 08,30 часот во Полициска станица Македонски Брод, Б.В.(31) од село Долни Манастирец, пријавила дека истиот ден околу 12,00 часот од дома во непознат правец се одалечило 14 годишно девојче, штитеник на Центарот за социјални работи Македонски Брод, а дадена на пријавителката за згрижување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.09.2018 година во 03.40 часот во Полициска станица Центар Б.Т.(39) од Скопје пријавила дека во 00.30 часот во градски парк нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од страна на неколку непознати машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.09.2018 година во времето од 00,10 до 01,50 часот во Угостителски објект во село Жеровјане, тетовско при обид од страна на полициски службеници од СВР Тетово да се изврши акциска контрола истите биле спречени да влезат во објектот од страна на две непознати лица. Откако на местото на настанот пристигнал сопственикот на објектот, Х.А. од село Боговиње ја отворил вратата на објектот и внатре се затекнати само гости и вработени. Не биле затекнати странски државјани. По извршено легитимирање е констатирано дека едно од лицата кои ја попречувале работата на полициските службеници е М.А.(31) од село Боговиње, истиот е приведен за понатамошна постапка. рп/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ