• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - На 09.09.2018 година во 19.20 часот во Неготино, на крстосница на улиците „Мaршал Тито“, „Борис Кидрич“ и ул.„Антигона“, патничко  возило „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(61) од Кавадарци, удрило во пешакот Б.С.(83) од Неготино. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош лицето бил пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

На регионалниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата за село Трстеник, синоќа во 19.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(57) од селоТрстеник и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(25) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Пежо“, Н.Н.(49) од с.Трстеник и  по укажаната лекарска помош во Општа болница - Кавадарци таа била препратена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и сопатникот од возилото „Цитроен“, М.И.(22) од Скопје. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Во Полициската станица Охрид, синоќа во 21.34 часот вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување,  која била задолжена за обезбедување на објектот. Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

На 09.09.2018 година во 18.00 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Б.Р.(71) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А“ (апси). Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. цр/10:04

###

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...