МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - На регионалниот пат Јегуновце - Желино, на 09.09.2018 година околу 01.50 часот  патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35) од тетовското село Раотинце, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столбови, по што се превртело.

МВР денеска соопшти дека возачот П.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен  во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Во Полициската станица Драчево вчера во 11.00 часот,  Г.М.(56) од скопското село Марино, пријавил дека истиот ден во 07.20 часот во автобус на ЈСП Скопје бил навредуван и физички нападнат од страна на контролор во ЈСП. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(43) од струшкото село Лабуништа осомничен за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот го сторил делото на 16.11.2017 година при средба со С.Ј.(52) од Охрид со привремено престојувалиште во Германија. Во соопштението се појаснува дека пријавениот го довел во заблуда оштетениот С.Ј. ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија. Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума на пари. Минатиот месец, кога оштетениот се вратил во Охрид се обидел да се сретне со сега пријавениот, по што сфатил дека е измамен. Со извршувањето на делото, пријавениот се стекнал со  противправна имотна корист од 1.230.000 денари.   

На 09.09.2018 година околу 08.00 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво над Г.Н.(49) од Скопје. Додека вршел такси дејност со патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сторителите со закана со пиштол му одзеле околу 5.500 денари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.  

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против М.А.(34) од Штип  за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 05.10.2017 година во Казнено поправен дом Штип, пријавениот на друг осуденик му продал марихуана.

На 09.09.2018 година во 03.10 часот во Полициската станица Аеродром, Д.С.(46) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.10 часот во близина на булевар „Јане Сандански“, неговиот 16-годишен син, додека седел со неговите другари бил, физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против К.А.(32) од Штип  за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори”. На   29.12.2017 година во Казнено поправен дом Штип кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Б.(21) од село Горенци, Дебарца за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На  24.08.2017 година на улица „Партизанска во Струга, откако на пријавениот му пристапиле полициски службеници, фрлил кеса со марихуана и се обидел да избега.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево  поднесе кривична пријава  против  А.Ц.(31) од Делчево за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, “употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“ и Д.А.(29) од Делчево за сторено кривично дело  „помагање“ во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност“.  Во август 2016 година првопријавениот, изготвил лажен договор за купопродажба на товарно возило “Фиат”, по што, во име на второпријавениот, ваквиот договор, заедно со  потврдата за пријавен престој во странство на име на истиот, ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството  за економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од  Законот за возила. По завршување на постапката, првопријавениот го регистрирал наведеното возило, а потоа истото го продал на трето лице.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(27) од Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.  Во периодот од 2010 до 2018 година, пријавениот, без претходна согласност, презел фотографии на 28 годишно женско лице од село Вранешница, кичевско, поставени на социјалната мрежа “Facebook”, и истите ги употребил за креирање на лажни профили на повеќе социјални мрежи.

На 09.09.2018 година во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 03.00 часот во млечен ресторан на булевар „Јане Сандански“ тој и неговата девојка В.А.(21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица. По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот. Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј.(49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.К.(48) од село Џепиште за сторени кривични дела “узурпација на недвижности” и “бесправно градење”.  Во периодот од април 2018 до мај 2018 година на подрачје  на Дебар кај  место викано “Манастирец”, пријавената, без да поседуваа соодветна документација, започнала со градежни активност за изградба на куќа, при што узурпирала парцела, дел од јавен пат во сопственост на Р.Македонија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против К.К.(21), К.К.(26) од Дебар, Б.Х.(22), В.Ц.(21) и В.И.(23) сите од Дебар, за сторени кривични дела “тешка телесна повреда”, ,,насилство” и   ,,загрозување  со опасно орудие при тепачка или караница”.  На 15 јули околу 01,30 часот во Дебар пред кафе бар на улица  “8-ми Септември”,    по вербална расправија, првопријавениот физички го нападнал  Е.Г.(20) од Дебар, кој бил заедно со неговите другари Б.Ч.(19) и А.О.(21), двајцата од Дебар. По ова, Е.Г., Б.Ч. и А.О., со возило се упатиле кај автоперална каде пристигнале и пријавените кои физички ги нападнале при што на Е.Г. му нанеле тешки телесни повреди а на другите две лица телесни повреди. цр/14:05

###

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ