• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - На 10.09.2018 година во 13.40 часот на ул.„109“ во Тетово, патничко возило „Форд Фокус“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(60) од Тетово, удрило во 10-годишно момче од Тетово. На детето му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

На 11.09.2018 година во 00.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во село Чешиново, кочанско, Ј.А.(19) од село Чешиново, управувајки мопед „АПН 6“ со непознат регистарски број, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медициинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, по што , поради сериозноста на повредите,  бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“  Скопје. Увид на местото извршила екипа  Полициската станица Кочани. 

На 10.09.2018 година во 16.50 часот на регионалниот пат Кавадарци - Неготино, поточно на влез  во село Марена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.К.(60) од село Марена, кавадаречко и трактор марка „ИМТ“  без регистарски ознаки со приколка, управуван од Б.В.(60) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот Д.А.(53)  од Кавадарци,  а со телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот А.Д.(69) од Кавадарци и возачот на патничкиот автомобил, кои по укажаната медицинска помош се задржани на понатамошно лекување во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.

На 10.09.2018 година во 18.00 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(34) од Скопје, удрило во пешакот Ф.А.(22) од Република Србија, со привремен престој во Скопје. Од ударот пешакот Ф.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекраска помош.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 10.09.2018 година околу 23.30 часот на наплатната станица „Желино“ полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (20), а како сопатници биле Д.М.(18), А.П.(19) и еден 15-годишник, сите од Куманово. По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана. Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 10.09.2018 година во Скопје било пронајдено 14-годишното девојче-штитеник  на Центарот за социјални работи Македонски Брод,  кое беше пријавено за исчезнато на 08.09.2018 година. Девојчето е згрижено во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи за град Скопје. цр/10:40

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...