• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка на автопатот Велес - Куманово

Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка на автопатот Велес - Куманово

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Едно лице го загуби животот, две други, од кои едно 11-годишно дете, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“.

МВР денеска соопшти дека сообраќајката се случила во 17.40 часот, помеѓу патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.К.(42) од струмичкото село Дабиле.

В.К. со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „опел астра“, А.А.(43) од струмичкото село Вељуса, и 11-годишно дете од  струмичко Дабиле. Со возило на Итната медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8 Септември“ и „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. цр/скс/10:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ