Во редовна контрола полицијата откри 10 мигранти во возило во Гевгелија

Во редовна контрола полицијата откри 10 мигранти во возило во Гевгелија

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Во редовна контрола на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија полициски службеници синоќа во 01.00 часот по полноќ откриле 10 лица мигранти во патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

Осум од мигрантите, соопшти денеска МВР, биле од Пакистан и двајца од Авганистан.

Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф. (35) од скопското село Студеничани. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка. цр/скс/10:44

###

             

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...