• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид синоќа околу 22.30 часот Џ.В.(48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см.

Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување. Увид на  местото извршила екипа од СВР Охрид. МВР денеска соопшти дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „предизвикување општа опасност”.  На 01.09.2018 околу 00.20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на ул.„Партизанска” во Охрид. 

На 10.09.2018 година околу 15.30 часот ул.„Пиринска“ во Штип 16-годишник извршил тешка кражба на дрзок начин над Е.П.(57) од Штип. Додека оштетената се движела по улицата и се доближил сторителот и со употреба на сила и одзел златно ланче  кое го носела околу вратот. По преземени мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода во присуство на работник од Центарот за социјални работи и било задржано во Полициската станица Штип. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.09.2018 година околу 07.15 часот во Јавна здравствена установа „Ранка Милановиќ" двајца штитеници од домот на возраст од 17 години физички нападнале друг штитеник на возраст од 12 години. Полициски службеници излегле на местото на настанот при што биле изготвени соодветни поднесоци .

На 10.09.2018 година во 18.30 часот на Граничен премин „Богородица" било констатирано дека личната карта со која патувало лицето Л.П.(31) од Република Албанија била фалсификувана. Лицето било приведено и во разговор со него било констатирано дека се работи за лицето М.Т.(38) од Република Албанија. Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 10.09.2018   година во 13.50  часот во Полициската станица Центар, Р.Л.Ј.(39) од Пробиштип пријавил дека во периодот од 09.30 до 10.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза", во Амбуланта на траумотологија, непознато машко лице извршило измама на неговиот татко. Му земало 7.000 денари за наводно  да му заврши одредена услуга за парична надокнада за инвалидитет на лица. Откако ги земало парите лицето го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2018 година во 19.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров,  Т.С.(78) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на улица „Лихнида" бил каснат од куче во пределот на левата потколеница .

На 10.09.2018 година во 18.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(63) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот неговиот 15 годишен син, движејќи се од Камениот мост кон училиште, бил нападнат од глутница кучиња скитници и едно од нив го каснало во пределот на левата потколеница. цр/13:37

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ