• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Спасовски на „Бледски стратегиски форум 2018“: Владата настојува реформскиот процес да почива врз целосна инклузија

Спасовски на „Бледски стратегиски форум 2018“: Владата настојува реформскиот процес да почива врз целосна инклузија

Блед, 11 септември 2018 (МИА) - Соработката со ЕУ, инструментите за помош што Унијата ги нуди во фазата на пристапните преговори, како и начинот на којшто се води целиот процес на пристапување во рамките на македонското општество, се темите за кои денеска во Блед говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на панелот посветен на „Безбедноста и владеењето на правото преку обновена ЕУ-перспектива“.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски на 13-от по ред “Бледски стратегиски форум 2018“ презентирал дел од низата активности што македонското МВР ги почна и ги реализира во овој период, притоа нотирајќи три клучни приоритети - реформата на системот на следење на комуникациите, зајакнување на капацитетите за борбата против организираниот и сериозен криминал, како и зајакнување на капацитетите во борбата против нелегалната миграција.

Спасовски го истакнал и настојувањето на Владата на Република Македонија за реформскиот процес да почива врз целосна општествена инклузија буквално на сите општествени чинители, независно од која сфера доаѓаат. Тој ги потенцирал и максимална транспарентност и сеопфатно информирање за сите аспекти на процесите на скрининг, на преговарање, на реформирање. бк/сст/15:52

###

                                  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ