Спасовски се сретна со Каполунго и Ромеро

Спасовски се сретна со Каполунго и Ромеро

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со Џенаро Каполуонго, проект лидер на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

На средбата, како што соопшти МВР, се разговарало за резултатите постигнати од првата фаза на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, како и за втората имплементациска фаза на проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичната фаза“, која е предвидено да трае до 31 декември 2019 година. Како имплементатор на активностите на овој проект е избрана Република Македонија.

Министерот Спасовски се заблагодарил за досегашната успешната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Италијанската Република и го потенцирал успешното спроведување на овој проект во рамките на ИПА, што ќе придонесе  во борбата против организираниот криминал и корупција. сст/дма/15:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...