СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажни вести, евтини летови ќе има

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажни вести, евтини летови ќе има

22 август 2018 

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лажните вести, се работи одговорно и домаќински, ќе има евтини летови!

Заробена во нивната единствена агенда на ширење лаги и измислици, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ работи во интерес на граѓаните и со целосно почитување на законите и регулативите.

Колку и да не му се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ, времето на договорени тендери, протекционизам и наместени тендери заврши со нивното заминување во опозиција.

Ниту една измислица на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги побие реалните факти - запазени се законските процедури, јавниот повик е поништен затоа што предлогот не е регуларен и целосен и воедно е распишан нов јавен повик.

Граѓаните да бидат спокојни. Евтини летови и понатаму ќе има, а секој денар од Буџетот ќе биде рационално и домаќински искористен.

Нема повеќе злоупотреба на тендери, се работи домаќински и отчетно и за сите важат подеднакви услови.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ