• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Поповска: Вистинско решение за гасоводот низ Водно е да се смени трасата

Поповска: Вистинско решение за гасоводот низ Водно е да се смени трасата

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - Добро е што Владата има разбирање и разговара со зелените активисти во обид да се намалат штетите од гасоводот кој минува низ Водно, но вистинско решение е да се смени трасата, вели претседателката на ДОМ Лилјана Поповска коментирајќи ја владината одлука да се измени делумно трасата на гасоводот кој поминува низ парк-шумата Водно.

- Како зелена партија ние сме против влегување во заштитено подрачје како што е Водно. Затоа не верувам да се најде доволно добра траса, која што би можела доволно добро да ја заштити шумата. Секако би имало уништување. Ние тука сме конкрети и сме апсолутно против тоа. Во сето ова има еден добар момент што од Владата имаат разбирање, па разговараат и влегуваат во дијалог со зелените активисти и што се обидуваат да ги намалат штетите. Меѓутоа, вистинско решение е да се смени трасата, рече Поповска на новинарско прашање пред дебатата организирана од ДОМ со копретседателот на Европската зелена партија Рајнхард Бутикофер. вг/скс/16:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ