• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Трипуновски: СДСМ ги понижи земјоделците и ги оставени без егзистенција

Трипуновски: СДСМ ги понижи земјоделците и ги оставени без егзистенција

Скопје, 22 август 2018

Власта е вистинска временска непогода за земјоделието. СДСМ ги понижи земјоделците. Откако СДСМ е на власт откуп немаше за доматите, бостанот, оризот, пченицата, а сега  нема ни за сливите. 20.000 тони сливи скапуваат на нивите, а владата не презема ништо.

Првпат во историјата на државата откуп нема воопшто. Ова е резултат на неспособноста на Зоран Заев и криминалната клика околу него, кои наместо за граѓаните работат само за сопствениот интерес.

Зоран Заев од опозиција пред не цели две години во текот на изборната кампања за парламентарните избори ветуваше отворање на пазарите и обезбеден пласман на земјоделското производство.

Поминаа скоро две години, а резултатот од владеењето СДСМ на власт е разорнувачки. Не само што нема откуп и откупувачите не се тепаат кој повеќе да откупи, туку за првпат во историјата на Република Македонија откуп воопшто и да нема.

Почитувани, земјоделци Зоран Заев ве излажа. Ветуваше многу, не реализира ништо, дури ви го зема и она што го имавте.

Мерката која власта ја промовираше за субвенционирање на откупувачите не дава никакви резултати од терен.

Власта мора најитно да интервенира и да го потпомогне откупот. Дополнително да интервенира за цената да биде 12 денари за килограм слива, што е најниска рентабилна цена. Не смее да се дозволи сливата целосно да пропадне, а земјоделците да немаат со што да ја преживеат годината.

Недозволиво е власта да ја игнорира оваа ситуација. Додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со државата откуп секогаш имаше, цените беа рентабилни, a  субвенциите навремени, само за споредба во последните 3 години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и покрај политичката нестабилност која што ја продуцираше СДСМ откуп и цените на сливата беа задоволителни. Имено во 2014 година владата во тоа време со поволните услови за бизнис овозможи извоз на свежа слива во висина од 5.500 тони, додека во 2015 година извозот изнесуваше 9.300 тони, а во 2016 година 6.800 тони слива, ова е количина која била извезена како свежа слива, дополнително секоја година дел од производството завршуваше и на домашните пазари за задоволување на сопствените потреби.

Оваа година поради неспособноста на власта извоз односно откуп воопшто и да нема.

СДСМ е директен виновник за тоа, земјоделците се оставени без егзистенција, и не знаат како ќе ја преживеат годината. Оваа безнадежност мора да запре. СДСМ  мора да си замине од власт.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ