• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ДС: Со буџетски средства не може да се води кампања против референдумот

ДС: Со буџетски средства не може да се води кампања против референдумот

Скопје, 23 август 2018

Демократскиот сојуз смета дека државните институции треба да водат информативната кампања за успешност на референдумот и имплементација на договорот помеѓу Македонија и Грција, како битни предуслови за членство во НАТО и ЕУ.

Владата и Парламентот на Република Македонија го дефинираа националниот и државниот стратешки интерес ,тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ и за да се реализира тој интерес неопходни се уставни промени.

Пред да се пристапи кон Уставни промени се организира консултативен референдум, при што треба да се има во вид дека Парламентот донесе Закон за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција и спроведувањето на тој закон ги обврзува сите пратеници, без разлика кој како гласал.

Поради тоа сметаме дека доколку Парламентот се вклучи во кампања со буџетски средства, во никој случај не можат пратениците да водат кампања против референдумското изјаснување.

Инаку секој граѓанин што  препознава перспективи за Македонија со влез во НАТО и ЕУ, треба да се вклучи во референдумска кампања.

Само со широка граѓанска и објективна информативна кампања ќе се мобилизираат граѓаните и ќе излезат да гласат на претстојниот референдум.

Демократски сојуз

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ