Колариќ: Неспособноста-заштитен знак на Шилегов

Колариќ: Неспособноста-заштитен знак на Шилегов

Скопје, 23 август 2018  

Петре Шилегов и Градот Скопје демонстрираат неспособност и неработа. Градот Скопје и понатаму останува затрупан во голем број на нерешени проблеми но и потреби на граѓаните.

Од денешната седница на Советот на Град Скопје може да се заклучи од извештајот за извршување на буџетот исклучително низок степен на реализација на капиталните инвестиции. Тоа е потврда дека Градот Скопје и Шилегов не работат. За 6 месеци буџетот е е остварен само 36% што е помалку од 50%, додека остварените расходи се помали и изнесуваат само 30%.

Од структурата на буџетот може да се види дека иако најавуваше нема ништо од новиот Луна парк, има нула денари и за езерото треска за кое ветуваше дека истотот ќе се ревитализира,

Локалниот економски развој е целосно запоставен. Од планирани 36 милиони денари, потрошени се само 2.9 милиони денари или помалку од 10 отсто од предвидените работи.

Во секторот за комунални работи има реализација на буџет од само 25 отсто и нула денари за: пошумување, нула денари за нови клупи, корпи за отпадоци и реконструкција на стационарот Вардариште.

Има целосно потфрлање на секторот за заштита на животната средина. Од 122 милиони денари реализирани се само 6 милиони денари или само 5 отсто. Тоа значи дека Шилегов 5 пари не дава за почиста животна средина, иако тоа беше негово големо ветување дека имаат план, има програма и конрентни идеи. Немаат ниту еден проект од оваа област, за жал.

Ниту Шилегов ќе донесе почист воздух, ниту ќе ја заштити животната средина.

Истовремено зад плаштот вработување на пожарникари, нешто што заеднички ВМРО-ДПМНЕ со Коалиција го поддржува, се планираат плус неколку десетици нови вработувања, веројатно на партиски кадри, иако Шилегов претходно обвинуваше дека имало превработеност, со ова само ги покажува двојните стандарди на работа. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ