• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ ги понижуваше лекарите, Владата предводена од СДСМ вложува во унапредување на здравството

ВМРО-ДПМНЕ ги понижуваше лекарите, Владата предводена од СДСМ  вложува во унапредување на здравството

Скопје, 23 август 2018

Изманипулирани и  излажани лекари и здравствени работници и здравство пред колапс е грдата слика што ја остави зад себе токму ВМРО -ДПМНЕ по 11-те години криминално и расипничко владеење.

Губење на едуцирани и квалитетни доктори и здравствени работници поради непочитување на нивниот труд и нивно заминување на трајна работа  во странство е она коешто за жал можевме да го гледаме во изминативе години во државава.

Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба, благодарение на погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ.

Како еден од првите чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите е зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници, а се воведе и плаќање на надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.

Во однос на условите за работа на здравствените работници и лекарите, како и услугите кои ги добиваат пациентите, се инвестира во осовременување со медицинска опрема, а се  донесе реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар.

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат активно да работат на подобрување на здравствениот систем, унапредување на условите за работа на лекарите и поголема грижа за правата на пациентите.

Центар за комуникации на СДСМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ