• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Оливер Спасовски за МИА

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Оливер Спасовски за МИА

24 август 2018 

Убиецот на младиот Мартин Јанушев десет месеци по бруталната ликвидација слободно се шета. Среде бел ден, на улица ладнокрвно во среде град беше застрелано момче и никој не одговара. Единствено што му помогнаа да избега од границите на земјава. Тоа никогаш не се случувало, а откако ќе замине неспособната власт веќе и нема да се случува.

Медиумите секојдневно се полни со шокантни вести за запалени автомобили, вооружени грабежи, разбојништва, насилства и коднапирања.

МВР ги крие податоците за реализираните случаи бидејќи 99% остануваат со непознат сторител. Една посериозна акција за заплена на наркотици не е реализирана, а државата е преплавена со кокаин и хероин. Младите ги губат своите животи од предозираност затоа што Спасовски и функционерите околу него се во коалиција со криминалот и поважно им е децата да си ги праќаат со службени коли по кампови.
Спасовски веќе трета година е министер, а не е набавен ниту еден хелихоптер, но затоа дури и обична вода се купува во четири очи бидејќи само така може да се земаат провизии.

Што треба да се случи за Оливер Спасовски да си даде оставка?

Колку луѓе треба да ги загубат своите животи, за Спасовски да понесе одговорност за катастрофалната безбедносна состојба во државата?

Оливер Спасовски ја претвори Република Македонија во најнебезбедна и најнесигурна земја во Европа.

Откако Спасовски е министер, граѓаните секојдневно се жртви на грабежи, вооружени напади, обиди за убиства, рекетирање и насилство кои поминуваат неказнето.

Спасовски заедно со Заев директно удираат врз професионалноста на полицијата.

МВР се претвори како алатка за пазарење при коалициските договори, за задоволување на желбите на партиски послушници и создавање на послушна структура која ќе молчи за криминалот на власта.

Со назначувањето на партискиот телохранител Сашо Тасевски за Директор на БЈБ, Заев и Спасовски ги погазија сите принципи на кариера и достоинство на припадниците на МВР и ги деградираа сите професионалци кои наназад со години професионално ја граделе својата кариера во МВР.

Јавноста го виде многу добро работењето на Спасовски.

На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ