Трипуновски: Власта да овозможи откуп по цена од 12 денари за килограм

Трипуновски: Власта да овозможи откуп по цена од 12 денари за килограм

24 август 2018

          Почитувани,

Земјоделието е во тотален хаос. Откако СДСМ е на власт во секој земјоделски сектор владее безредие. Откуп нема и земјоделските производи скапуваат по нивите. По откупната криза со оризот,зелката доматите, праските, бостанот,пченицата и во моментов и сливите. Илјадници  земјоделци мака мачат како да преживеат, а власта ништо не презема.

Љупчо Николовски ветуваше дека ќе организира пласман на земјоделското производство, бидејќи имаат лидер кој доаѓа од земјоделскиот регион. Погледнете го видеото во продолжение и да се потсетиме како манипулираше Љупчо Николовски од партиски митинг во Велес пред парламентарните избори во 2016 година.

Почитувани, ниту има организиран пласман, ниту земјоделието е унапредено. Земјоделието е уназадено, а земјоделците потценети како никогаш предходно и за тоа виновни се Љупчо Николовски и Зоран Заев.

И додека во радовишко, делчевско, беровско и во другите сливарски региони , во моментот повеќе од 20.000 тони слива скапуваат, земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза, Министерот Николовски шета  низ Европа. Илјадници производители на  слива се чудат како да го преживеат денот, а Николовски отиде на шетање во Словенија.

Почитуван Министер вашето место е секојдневно да бидете помеѓу земјоделците да создавате подобри услови и да ги решавате земјоделските маки.

Почитувани земјоделци за жал ниту премиерот кој доаѓа од земјоделски регион, ниту Николовски не се ни трудат да организираат откуп.

Заев наместо да ги решава проблемите на земјоделците потпишува капитулантски договори за промена на името, нешто за што  одвојува  милионска сума  за  водење на кампања, а Николовски мува  не го лази и ги реди европските градови кои ги посетил.

Власта доколку сака да го реши проблемот на сливарите ќе ги послуша ВМРО-ДПМНЕ и ќе овозможи откуп по цена од 12 денари за килограм сина слива, што е најниско рентабилна цена. Се друго е понижување на трудот на земјоделците.

Повеќе од година дена земјоделците се жртва на СДСМ. Ниту Зоран  Заев  ниту Љупчо Николовски се способни да овозможат развој и  нормално функционирање на земјоделскиот сектор во Република Македонија.

СДСМ мора да си замине од власт додека штетите не бидат преголеми во земјоделскиот сектор.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ