СДСМ: Откупот на сливи се одвива непречено

СДСМ: Откупот на сливи се одвива непречено

Скопје, 24 август 2018

ВМРО-ДПМНЕ залуднo измислува непостоечки случаи, откупот на сливите се одвива непречено

Земјоделството беше во колапс, хаос и безредие цели 11 години додека ВМРО-ДПМНЕ криминално и расипнички ги трошеше парите на граѓаните, а земјоделците беа понижувани малтреирани и уценувани.

За разлика од потценувачкиот однос кон земјоделците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство градат партнерски однос со земјоделците и сите наследени и настанати ги решаваат во интерес на земјоделците.

Залудно ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки случаи преку кои ја вознемирува јавноста, откупот на сливи тече и се одвива непречено.

Во таа насока, како што јавноста беше навремено инфомирана, Министерството воведе нова дополнителна субвенција од 2 денари по килограм за правните лица откупувачи на сливи. Истовремено, субвенцијата за предадено овошје во преработувачките капацитети, вклучително и за сливите е зголемена од 2 на 3 денари за предаден килограм овошје. Преку ваквите мерки, вкупната финансиска поддршка што ја дава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за стабилизација на откупот на сливи изнесува 5 денари од килограм.

Таквата финансиска поддршка за откупувачите ќе важи до 15 септември за откупена индустриска слива со цена не пониска од 5 денари, додека пак договорено е цената за откуп на свежа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм.

Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството и подобар животен стандард за сите земјоделци. 

                     ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

               СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ