• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кризниот штаб против референдумот бара одговорност од Спасовски

Кризниот штаб против референдумот бара одговорност од Спасовски

 25 август 2018

Предмет: Реакција - Кризен штаб против референдумот: За полициското следење на бојкотирачите на референдумот одговорност мора да има

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција призна дека МВР и надлежните служби ги следат противниците на референдумот.

Ова е скандал сам по себе да се следат од МВР неистомислениците од Кризниот штаб против референдумот иако плурализмот е една од темелните вредности во Уставот на Република Македонија.

Да се нареди полициска опсервација што значи следење и прислушување само затоа што македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот на 30 септември, нема основа во Уставот и законите на Република Македонија.

Оливер Спасовски уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на Спасовски со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата за бојкот на референдумот и секој кој размислува различно од пучистичката власт, нема да успее.

За кршењето на Уставот со полициското следење на бојкотирачите на референдумот, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ