• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Попова: Шилегов не направи ниту еден проект, одвојува 70 илјади евра за нови партиски вработувања

Попова: Шилегов не направи ниту еден проект, одвојува 70 илјади евра за нови партиски вработувања

25 август 2018


          Почитувани,       

Неспособниот Шилегов ја преполнува градската администрација додека нема проекти, и капиталните инвестиции се изворедно најниски 16 отсто. Надвор од европските препораки и мерит системот распишува оглас за вработување на 44 административни службеници преку агенција за привремени вработувања.

          Петре Шилегов не беше способен да испрска против комарци, не знае да се справи со кучињата скитници и повеќе од 10 месеци нема ниту еден проект. Ниту пак нешто од тоа што го вети реализира, но затоа одвојува повеќе од 70 илјади евра за вработување на нови 44 административни службеници во градската администрација,  иако се жалеше дека градската администрацијата е преполна.

          Шилегов по веќе познатата шема на СДСМ распишува тендер за ангажирање на работници преку агенција за привремени вработување, за потоа истите тие по неколку месеци да се вработат и да добијат договори на неопределено време. Вака вработените ги избегнуваат законските услови кои треба да ги исполнат доколку нивното вработување би одело по редовен пат, тие ја заобиколуваат согласноста од Министерството за финансии која треба да биде дадена за секое ново отворено работно место и тестовите за администрација.

          Со полнење на јавната администрација во ЕУ не се оди. ЕУ бара работа, посветеност и проекти.

          Почитувани,

          Шилегов од опозиција обвинуваше за превработеност во јавната администрација, сега од позиција на власт на јавната администрација гледаа како место за вработување на  своите роднини, пријатели и партиски активисти.

          Шилегов и СДСМ  10 месеци не направија ништо за Скопје. Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на градот, кој нема ниту едно дело зад себе.

          Петре замини си додека не е предоцна за градот.

          Ирена Попова, советник во град Скопје

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ