ВМРО-ДПМНЕ: Парите за референдумска кампања СДСМ да ги пренамени за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Парите за референдумска кампања СДСМ да ги пренамени за граѓаните

26 август 2018 

Расипништвото на СДСМ нема крај. Наместо инвестиции во проекти и инфраструктура власта на Заев се луксузира и троши милиони на непродуктивни работи. Повеќе од една година се е во застој.

ВМРО-ДПМНЕ порачува владата наместо 1 милион и 300 илјади евра да фрли за промоција на капитулантскиот договор за промена на името, парите да ги пренамени за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово.

670-те илјада евра кои власта планира да ги потроши за набавка на цвеќиња, што е неосновано и непродуктивно нека ги даде за набавка на болнички возила и со нив нека купи 15 -тина болнички возила.

Наместо за луксузирање и набавка на кафе во износ од цели 55 илјади евра од страна на владата и градот Скопје парите да се пренаменат за поправка на некоја градинка.

Со парите кои беа фрлени и безмилосно потрошени за прослава на капитулантскиот договор можеше да се изгради 15 тина километри водоводна мрежа.

350 илјади евра истрошени за набавка на мебел во МЕПСО можеа да се пренаменат за набавка на 3 мамографи за болниците низ државата.
Власта наместо да троши пари на луксуз треба инвестира во проекти од кои граѓаните ќе имаат реален бенефит.

Власта во изминативе повеќе од година дена покажа само расипништво и е пример за тоа како не треба да се води државата. СДСМ треба да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ