• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема пари за општествено корисни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема пари за општествено корисни работи

Скопје, 26 август 2018  

Почитувани, 

800 илјади кафиња ќе испијат Заев и другарите во владата оваа година. Нема крај на расипништвото на СДСМ. Наместо за општествено корисни работи власта ги троши нашите пари на скапи кафиња. Новата набавка на кафе во вредност од 45 илјади евра е врв на расипништво.

Ова е втора набавка на кафе оваа година од страна на владата, која претходно во јануари набави кафе во вредност од над 17 илјади евра.
Партијата која ветуваше дека нема да се расфрла со парите на граѓаните сега немилосрдно ги троши. Само за споредба претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ годишно набавувбаше кафе во вредност од 10 илјади евра, додека СДСМ за само 8 месеци потроши 62 илјади евра или 6 пати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од година дена нема никаков проект, во државата се е стопирано, сите ветувања дадени кон младите се испоставија како една голема лага, државата се задолжува, а капитални инвестиции нема, но затоа има за луксуз. Има за кафе, има за цвеќиња, има за скапо платени промоции на капитулантски договори. Има за се само за граѓаните не.

Почитувани,

ова расипништво мора да запре. Граѓаните очекуваат нивните пари наместо за скапи цвеќиња и кафе да се инвестираат во нови училишта, градинки, болници, студентски домови. Оваа власт се покажа целосно неспособна. СДСМ мора да си замине.

Александар Кочев, ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ