• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот

Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Алијансата за Албанците ќе го поддржи претстојниот референдум закажан за 30 септември, одлучи денеска Централното собрание на партијата.

Според лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, партијата ќе се вклучи во кампањата за поддршка на референдумот, но има зебелешки кои не биле земени предвид бидејќи биле исклучени од одлучувањето.

- Алијансата за Албанците ќе го повика членството да го поддржи референдумот со нашите забелешки што веќе јавно сме ги искажале околу Договорот со Грција. Тука треба да се спомене дека ние не сме биле за ваква формулација на прашањето околу референдумот. За жал, бевме исклучени за да одлучиме, изјави Села.

Тој смета дека повикот на претседателот на Собранието Талат Џафери сите пратенички групи и независни пратеници да се изјаснат дали ќе се вклучат во кампањата и каков став ќе заземат, како и дадениот рок од три дена, е дрзок и непотребен чин. На Алијансата, како што посочи, не и е најважно да добие пари за кампањата. лв/ев/15:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...