ВМРО-ДПМНЕ: Името на државата, идентитетот и јазикот не се пречка за влез во ЕУ и НАТО

ВМРО-ДПМНЕ: Името на државата, идентитетот и јазикот не се пречка за влез во ЕУ и НАТО

Скопје, 26 август 2018 

Владата на СДСМ со еден потпис во Преспа се откажа од се што е македонско, се откажа од уставното име, јазикот, идентитетот, историјата и културата како и македонското малцинство во соседството. Зоран Заев е креаторот на капитулантското дело наречено Договор од Преспа.

Капитулацијата на државата и распродажбата на националните и државните интереси не е патриотски чин, ниту пак историска шанса за Македонија. Свитканата кичма не е одлика на еден европски или западен политичар, не е одлика на сигурен партнер во кој можеш да имаш доверба. Човек кој е аболициран за милионски криминал и повторно амнестиран од партиското судство не е пример за европски политичар. Ниту еден капитулантски договор не може да ја надомести штетата нанесена на македонските евроатлантски интеграции од криминалните тендери и грантови доделени на партиски послушници на СДСМ.

Зоран Заев не може да го избрише фактот дека светските медиуми известуваат за Македонија како Мека на криминалот и корупцијата. Македонија не може да ги оствари своите стратешки интереси со партиско судство кое служи единствено за прогон на политичките неистомисленици на Заев и СДСМ.

Името на државата, македонскиот идентитет и јазик не се пречката за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Единствена пречка на патот на нашите евроатлански интеграции е еден човек, а тоа е Зоран Заев истиот оној кој од струмички бизнисмен бараше 200 илјади евра поткуп. Македонија ќе се врати на патот кон ЕУ и НАТО единствено кога Зоран Заев ќе ја напушти Илинденска бб. и ќе замине во политичка пензија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...